Со положување на цвеќе на „Споменикот на револуцијата“ и на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов во „Паркот на Револуцијата“ денес беше одбележан големиот Македонски празник „11 Октомври“.

Додека на „Споменикот на Револуцијата“ цвеќе положија делегации од Општина Кочани и од ОО на СДСМ – Кочани во „Паркот на Револуцијата“ тоа го направија подржуваните на ликот и делото на Јосип Броз Тито.

И овој пат како и на сите претходни празници зачудува што од Општина Кочани никој не наоѓа за потреба да положи барем цвеќе и да се поклони на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов кои потекнуваат од Кочани и кои си ги дадоа своите млади животи за денешната слобода.

По се изгледа лицето задолжено да ги прави ваквите протоколи а е вработен во Општина Кочани и за тоа зема плата од граѓаните на градот треба во иднина добро да ја проучи историјата и да се подзамисли кога прави распоред каде треба да се положува цвеќе.

Но ние сме научени со години да не си ја почитуваме својата историја.

С. Ивановски

P3880016

P3880061

P3880036

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари