Од година во година опаѓа бројот на учениците кои се запишуваат во прво одделение. Во петте основни училишта во општина Кочани во 15-те паралелки во прво одделение се запишани вкупно 316 првооделенци или во просек по 63,2 во училиштата, односно по 21, 10 во секоја паралелка, што е многу помалку од предвидениот минимум во образованието. Најмногу првооделенци се запишани во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ вкупно 90 во 4 паралелки. Во ОУ „Малина Попиванова“ запишаните 75 ученика од прво одделение ќе бидат распоредени во 3 паралелки, во ОУ „Раде Кратовче“ вкупно 71 во 3 паралелки, во ОУ „Никола Карев“ вкупно 48 во 3 паралелки и во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ 32 во 2 паралелки. Во Подрачните училишта на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се запишани вкупно 16, (Подлог 13 и во Бели 3), во Подрачните училишта на ОУ „Никола Карев“ се запишани 23, (Грдовци 9 и Тркање 14), Во Нивичани во Подрачното училиште што припаѓа на ОУ „Раде Кратовче“ е запишан само 1 ученик во прво одделение, а во Подрачното училиште на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Прибачево се запишани 2 ученика во прво одделение. Бројките покажуваат дека од година во година се е помал број на ученици кои се запишуваат во прво одделение што е одраз на големото иселување на млади брачни двојки кои својата егзистенција ја бараат во други држави. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари