Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија Републиката нанесоа голема штета на земјоделието, особено на оризопроизводството.

Штетите се големи во целиот регион, особено во општината Чешиново-Облешево каде нивите засадени со ориз се буквално под вода.

Најновите најави за нови врнежи од дожд ги преплашија оризопроизводителите кои со право стравуваат за собирање на нивниот годинешен труд.

Факт е дека оваа општина е најниската точка во регионот па кога и да има врнежи проблемите се исти.

Сепак земјоделците кои од сега најавуваат дека ќе претрпат големи штети се надеваат на помош од државата. Очекуваат деновиве регионот да го посети и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Михаил Цветков за да на самото место се увери во досега направените штети.

Ќе има ли помош за оризопроизводителите ќе треба допрва Владата да одлучи.

С. Ивановски

Благодарност до Јоже Јефтимов на отстапените фотографии.

 

5

3

4

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари