Причина зошто е сопрена жетвата и комбајните наместо во оризовите полиња се паркирани на страна, се поплавените оризови полиња. Најдраматична е состојбата во Општината Чешиново-Облешево каде жетвата прва започна но како што стојат работите последна и ќе заврши доколку заврши.
Главниот фактор за настанатата состојба се обилните врнежи од дожд, но жителите од Чешиново сепак акцентот го стават на „Бугарскиот канал“ кој се наоѓа меѓу селата Бање и Спанчево и кој ја собира водата од планините и ја носи дури во река Злетовица.
Според нив каналот и овој пат како и на почетокот на месец Декември 2010 година сам од себе не се оштетил па водата целосно е навлезена во нивните полиња.
Доколку временските прилики не се драстично променат жителите на Чешиново се убедени дека родот на оризот ќе биде доста намален и не толку квалитетен.
Тие сепак, очекуваат дека претставници од „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“ ќе изнајдат време и ќе ги посетат со цел од самото место да се уверат во направената ненадоместлива штета.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.