Синоќа околу 22:45 часот на магистралниот пат Штип – Делчево во непосредна близина на клучката кон село Тркање, на рамниот дел по надвозникот дошло до сообраќајна несреќа на ПМВ „Голф“ и ТМВ Трактор со приколка.

И двете возила се движеле во правец кон Делчево по што во еден момент „Голфот“ со штипски регистарски таблички управуван од лицето С.Д. (64) од засега неутврдени причини удрил во задниот дел од приколката на тракторот со кој управувал К.К. (66).

Освен направената материјална штета, во сообраќајката со телесни повреди се здобил возачот на ПМВ „Голф“ кој е пренесен и задржан во Медицински Центар во Кочани.

На местото на несреќата е извршен увид од полициски службеници по овластување на Јавен Обвинител.

Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари