Од 15-ти Oктомври (Четврток) почнува вакцинацијата против сезонски грип. Центарот за јавно Здравје – Кочани има набавено 2.500 дози вакцина против грип од кои 850 за жителите на Општина Кочани.

Увезената вакцина е произведена согласно препораките на Светската здравствена организација  и заштитува од три типа вируси на грип: А(X1H1), А(X3H2) и од групата Б.

Вакцината се препорачува на постари лица, хронично болни лица, особено оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, дијабетес, како и за бремени жени, здравствени работници и мали деца со намален имунитет.

Вакцината против сезонскиот грип чини 400,00 денари.

С.Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари