Дисциплинскиот Комесар во Третата Фудбалска Лига – Исток, Добре Марков го стави фудбалскиот терен во Виница под суспензија, како епилог на она што се случувало на натпреварот од 6-тото коло „Слога 1934“ – „Плачковица“.

По одигрувањето на овој натпревар, поради пријава за напад на службени лица (судии) најпрвин беа суспендирани играчот на „Слога 1934“ Дејан Митев на 18 месеци и претставникот на клубот Влатко Точев на 6 месеци.

Сега, поради лошата организација на натпреварот е суспендиран и фудбалскиот терен, па така натпреварот од 8-то коло „Слога 1934“ – „Каменица Саса“ виничани ќе мора да го одиграат во друг град, на неутрален терен кој од Виница е оддалечен повеќе од 50 километри.

С.Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари