Љубителите на фудбалот во Кочани во Недела ќе имаат можност да проследат два мошне интересни фудбалски натпревари, во машка и во женска конкуренција.

Во рамките на 8-то коло од Третата Фудбалска Лига – Исток  на стадионот „Никола Мантов“ со почеток во 14:30 часот закажан е натпреварот „Осогово“ – „Беласица“. Љубителите на фудбалот во Кочани очекуваат да проследат добар фудбал но и стравуваат од тоа кој и како ќе ја дели фудбалската правда, бидејќи сведоци сме на лошо судење особено во последните три кола.

На другите натпревари се среќаваат:

„Слога 1934“ – „Каменица Саса“

„Брегалница Голак“ – „Работник“

„Овче Поле“ – „Напредок Здравје“

„Карбинци“ – „Академија Пандев“

„Плачковица“ – „Баби“

Во Сабота и Недела се играат и натпреварите од 5-тото коло во Првата Женска Фудбалска Лига. Во Недела со почеток во 11:00 часот на теренот покрај Масалница во Оризари се игра натпреварот „Младост Иднина С“ – „Кочани“.

Останати двојки од ова коло:

„Топ Гол“ – „Борец“

„Драгон 2014“ – „Конзули“

„Истатов“ – „Ас Јунајтед“

„Тиверија“ – „Речица

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари