Директорот на КЈП „Водовод“ од Кочани Љупчо Папазов и претставникот на консултантската Компанија „Ернест Васлер – Партнер“ од Швајцарија, Андреас Зусет во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, Државниот секретар во „Министерството за животна средина“, Соња Лепиткова и Советникот во Амбасадата на Швајцарија Франк Видеркер потпишаа договор за изградба на пречистителна станица во Кочани, како дел од Проектот за заштита на речниот слив на река Брегалница.

Проектот, еден од најголемите во Република Македонија ќе чини 23.000.000 швајцарски франци, од кои 21.000.000 швајцарски франци се обезбедени преку Швајцарската агенција за развој и Компанијата „Секо“ и 2.000.000 Евра од Владата на Република Македонија.

Во своето обраќање Лепиткова потенцираше дека потпишувањето на договорите за изградба на пречистителни станици во Кочани, Чешиново-Облешево, Карбинци и Лозово се од посебна важност за заштита на околината и речното корито на река Брегалница.

С. Ивановски

P3880223

P3880229

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари