По повод 16 Октомври „Светскиот ден на гладта“ денес во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани во организација на училишната Младинска Организација „Единство“ беше спроведена хуманитарна акција.

На поставените штандови во училишниот двор се продаваше храна по симболични цени како и картички, кое наиде на добар одѕив кај вработените во училиштето, како и кај учениците не само од ова училиште, туку и од останатите во општината.

„Ние како организатори на хуманитарната акција сме мошне задоволни од одѕивот. Инаку целта на оваа акција е да со собраните средства им помогнеме на наши соученици од социјално загрозената категорија, како и на дел од населението“ истакна Надица Николовска, Претседател на Младинската Организација „Единство“.

Освен прехранбените артикли посебно внимание привлекоа и специјално направените картички за оваа пригода. Од една страна на картичката беше најавата на „Светскиот ден на гладта“, а од другата беше напишан цитатот на Мајка Тереза: „Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка“.

С. Ивановски

P3880151

P3880157

P3880173

P3880154

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари