Бидејќи последните шест Меморијални турнири во борење „Андонов-Колев“ се одржуваа кога ќе паднеше прилика, љубителите на борењето во Кочани, оние малкумина што останаа, со право прашуваат дали и кога ќе се одржи годинешниот 19-ти турнир.

До 12-тиот турнир секогаш се знаеше месецот иако датата се поместуваше, но сепак, се одржуваше во месец Октомври. И сега сме истиот месец но никој со сигурност не се изјаснува дали ќе има сигурно одржување на турнирот.

За потсетување само: 2009 година турнирот се одржа на 01.Ноември, 2010 година на 05.Септември заедно со промоцијата на книгата по повод 50 години борење во Кочани, 2011 на 09.Октомври заедно со Државното младинско првенство, 2012 на 01.Декември, 2013 на 27.Октомври и 2014 на 22.Ноември.

Од Претседателот на клубот Јордан Димитров во неофицијален разговор дознаваме дека годинешното одржување на турнирот е планирано кон крајот на овој месец, но сепак потенцираше дека ќе се одржи доколку се создадат услови. Имено некои од организаторите т.н. помагатели на турнирот како примарно им е кога прашуваат дали ќе се одржи турнирот и тоа дали и каде ќе има ручек за гостите. Факт е дека борачкиот клуб крај со крај скрпува, па поставувањето на прашања околу некакви ручеци за стотина учесници се луксуз во сегашната состојба.

Ручекот не е важен, важен е турнирот, бидејќи Анѓел Андонов и Димитар Колев заслужуваат почит како долгогодишни активни борачи и како спортски работници.

Па ајде, да собереме сите сила и со организирањето на Меморијалниот турнир „Андонов-Колев“ уште еднаш им оддадеме почит на некогашните наши пријатели и сограѓани. Тие и нивните наследници тоа го заслужуваат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари