Општина Кочани им соопштува на граѓаните да ги исклучат атмосферските одводи кои од станбените и од помошните објекти им се приклучени на фекалната канализација.

Со таквите приклучувања при пообемни врнежи од дожд доаѓа до затнување и излевање на фекалната канализација.

Според законската регулатива, испуштањето на атмосферски води во канализацискиот систем за отпадни води од домаќинства и индустриски отпадни води подлежи на прекршочни санкции.  

Одделение за правни и општи работи

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари