ТРЕТА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  –  ИСТОК

„ОСОГОВО“  –  „БЕЛАСИЦА“  1:2 (0:0)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 400. Главен судија: Игор Филипов. Помошници: Мартин Милев и Марио Паризов (сите од Штип). Делегат: Ванчо Саракинов (Штип). Контрола: Ванче Камчев (Штип). Стрелци: Аксентиев 90’- пенал (Осогово), Атанасовски 68’ Аслани 70’ (Беласица). Жолти картони: Аксентиев, Максимов, Стојков (Осогово), Мазнов (Беласица).

„ОСОГОВО“ – Лазаров, Максимов (Јаневски 38’)ков, Стојков, Аксентиев, Данилов, Цветанов, Ѓеоргиев (Бојажиев 65’)Јорданов (Спасков77’), Натков.

„БЕЛАСИЦА“ – Лазаревски, Блажев, Костовски, Петков, Сулев, Митевски, Глигоров, Јунузи (Аслани 46’), Мазнов (Петров 68’), Серафимовски, Атанасовски (Танчев 80’).

„БЕЛАСИЦА“  ЗА  ДВЕ  МИНУТИ  ГИ  НОККАУТИРАШЕ  „ЖЕТВАРИТЕ“

И трет пат годинава играчите на „Осогово“ како домаќини со наведнати глави го дочекаа последниот свиреж на несигурниот и мошне слаб судија Игор Филипов. Загубија од можеби најквалитетниот тим во лигата со резултат 1:2 (0:1). Домаќините уште во воведните минути покажаа дека ја посакуваат победата, но денес наидоа на една мошне цврста и хомогена екипа, која имаше сигурна одбрана, одличен среден ред и напад кој на неколкупати ја доведе во мат позиција одбраната на „жетварите“. Струмичани потполно заслужено славеа, но дали ќе беше така доколку во 17’ судијата Филипов покажеше на белата точка откако еден гостински играч на очиглед на сите на стадионот играше со рака во својот шеснаесетник. По овој очигледен превид на судијата страстите се разгореа на теренот, во играчите се вовлече нервоза па имаше неколку поостри стартови кои за среќа не завршија со повреда кај некој играч. Но што е, тука е, не може човек да се бори против судиите се доколку ги делегираат на пријателска основа а истите едноставно не знаат да ја делат фудбалската правда.

Сепак имаше и фудбал на теренот особено во второто полувреме. Во 51’ по една нафрлена топка во домашниот шеснаесетник биеше со глава Атанасовски но пречката беше сојузник на денес сигурниот Лазаров. Осум минути подоцна домаќините можеа да го откријат резултатот но ветеранот Здравков од само 5-6 метри не ја зафати топката и шансата отиде во неповрат.

Се играше 68’ кога домаќините беа во напад. Бојажиев остро центрираше од десната страна, топката го закачи Сулев и го смени правецот но гостинскиот голман Лазаревски успеа пред самата гол линија да ја одбрани. Само неколку секунди подоцна стигна казната. Струмичани изведоа филигранска акција а Атанасовски прецизно биеше во небранетиот дел од мрежата на Лазаров. Уште домаќините не се беа соземале од шокот гостите го дуплираа водството откако Аслани искористи едно невнимание во домашната одбрана и биеше во левиот долен агол на немоќниот Лазаров.

До крајот гостите љубоморно го чуваа резултатот се до 90’ кога судијата Филипов им подари пенал на домаќините, а сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Аксентиев.

Кога се ќе се собере заслужена победа на „Беласица“ која покажа дека е зрел тим и за освојување на првото место во лигата.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари