Даниела Колева тенисерка на ТК „Акватен“ од Кочани го освои второто место на „Мастерс турнирот“ за јуниори и јуниорки до 14 години што денес во организација на ТК „Југ“ се одржа во Скопје.

На турнирот учествуваа само осумте најдобро рангирани тенисери и тенисерки за оваа година.

Колева која беше шестопласирана на ранг листата во првото коло ја совлада првата носителка Дарија Кржовска која моментно е меѓу првите 100 тенисерки на ранг листата во Европа  со 2:0 во сетови (6:4; 6:3). По час и половина пауза во 1/2 финалето ја декласира Мина Даскаловиќ со 2:0 (6:1;6:1), за да во финалето загуби од Ана Ристевска со 0:2 (1:6; 4:6)

Но и освоеното второ место на Даниела Колева претставува голем успех ако се знае дека таа денес играше против трите најдобри тенисерки на ТК „Југ“ и на Македонија во оваа конкуренција.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари