Веќе подолго време жителите на дел од улицата „Димитар Влахов“ кои живеат кај крстосницата во „Стришани“ реагираат на поставените контејнери. Истите кои се оддалечени само неколку метри од семејна куќа преку летото испуштаа непријатна миризба а кучињата скитници и мачки им се постојаните гости.

Неколкупати реагирале до надлежните но проблемот си останал и понатака.

Тие ако ништо друго бараат барем да им се обезбедат добри услови за живот како и другите жители на градот. Имено контејнерите на неколку локации во градот се поставени оддалечени по повеќе метри од станбените објекти, па и тие тоа го бараат.

Во непосредна близина на контејнерите се наоѓа малиот пазар со повеќе пиљари кои исфрлувајќи дел од производите со изминат рок создаваат непријатна миризба која и те како им пречи на луѓето.

Деновиве упатија порака со молба да го објавиме нивниот проблем за да некој конечно се сети и им го реши проблемот.

С. Ивановски

P3880258

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари