Денес минувачите кај „Шопинг Центарот“ на неколку метри пред „Мацо маркет“ непријатно беа изненадени од глетката која им ја „сервираа“ „ноќните птици“.

Имено немајќи што друго да работат во состојбата во која се наоѓале се нафрлиле на младото дрвце уништувајќи една од неговите гранки.

Сликата беше непријатна како за сите, така и за нас па моравме да ја овековечиме.

Се е јасно и ништо не е јасно. До кога некој ќе го толерира вандалското однесување на луѓето без морал и домашно воспитување? Кога се во „расположена“ состојба тие уништуваат се она што ќе им дојде до рацете.

Се знае после 00:00 часот кој се може да се види по улиците, па затоа и надлежните мора поинаку да реагираат. Нивните тврдења дека во вакви случаи со закон им се „врзани рацете“ не држат, се знае до каде може да оди толеранцијата.

Затоа потребно е сите, доколку ги видиме виновниците да ги посочиме на надлежните органи, а нивна работа е понатака како ќе постапуваат со нив.

С. Ивановски

P3880275

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари