Пингпонгарите на „Кочани“ го претрпеа и вториот пораз во годинешното првенство во Првата Пингпонгарска Лига. Овој пат се поразени како гости од екипата на „Мултитекс“ со 4:5. Иако домаќините важеа за фаворити пред натпреварот искусните кочанчани се покажаа како „цврст орев“ и беа на прагот на победа.

„Мултитекс“ поведе со 2:0 и 3:1, но кочанчани ги презедоа работите во свои раце и со три едноподруго победи дојдоа до 3:4, сепак не издржаа па на крајот загубија со најминималниот резултат.

Резултати од 3-тото коло:

„Мултитекс“ – „Кочани“  5:4

„Ѓорче Петров“ – „Маџар Маало“  5:3

„Пошта 2“ – „Куманово“  5:3

„Студент“ – „Младост ’96“  0:5

 

По трите одиграни кола во водство со максимален број на бодови 6 се екипите на „Ѓорче Петров“ и „Мултитекс“, пред „Студент“ и „Младост ’96“ со 4, „Кочани“ и „Пошта 2“ со 2 и „Куманово“ и „Дебар Маало“ без бодови.

С. Ивановски

15

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари