Изминатиот викенд донесе многу радост во Карате Клубот „Партизан“, откако неговите претставници учествуваа на два големи Меѓународни турнири по кои се вратија со три први и едно второ место.

Првиот настап по една година пауза по повредата го имаше Роберто Здравковски. Тој учествуваше на големиот Меѓународен турнир „Белградски победник“ на кој се појавија 1.250 каратисти од 100 екипи од 9 држави. Во категорија во која се натпреваруваа 20 каратисти Здравковски стигна до финалето. Тој најпрвин забележа 4 победи 6:2, 3:2, 2:0 и 4:0 за да во финалето кое во регуларно време заврши 0:0 со прегласување на судиите беше поразен со 2:3.

Ова е голем успех за Роберто Здравковски ако се знае дека пред година дена се здоби со повреда која еден период го оддалечи од тренинзите и натпреварите, но како што самиот истакна ова за него ќе биде нов поттик за уште поголеми успеси.

Мартин Стојменов и Ѓорги Петров со три златни медали се вратија од Меѓународниот турнир кој во организација на карате Клубот „Бушидо“ се одржа во Лесковац (Србија). Стојменов се натпреваруваше во две категории и се закити со златни медали. Тој и во категоријата „Јуниори до 21 година“ и во Апсолутната категорија „сениори“ во која имаше и паричен награден фонд ги победи сите противници и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

На истиот турнир забележителен беше и настапот на Ѓорги Петров во категоријата „борби“ до 45 килограми, за каратисти родени 2004 година. Петров со 4 победи од исто толку настапи се закити со златниот медал.

На турнирот во Лесковац зедоа учество 500 каратисти од клубови од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

С. Ивановски

12170677_1053765301324928_941530734_n

12168157_1081397261878005_1864085316_n

12170312_1081397385211326_623909591_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари