На 20.10.2015 год. (Вторник) ќе се одржи граѓанска средба во Општина Кочани (локација „Кај Зијата“, ул. „Стамен Манов“) како дел од караванот „Домувањето е повеќе од 4 ѕида и кров“.

Овој настан е дел од активностите на Националниот ромски центар, (НРЦ) во рамки на проектот „Адекватно домување за Роми“, а во партнерство  со уште шест други невладини организации, „Авена“  (Кочани), „Пралипе“ (Крива Паланка), „Баирска светлина“ (Битола), „Ромска солза“ (Прилеп), „Амбрела“ (Шуто Оризари) и „Паблик“. Проектот се реализира во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество-Македонија, а е поддржан и од програмата Европа за граѓаните на Европската Комисија. Акцијата се спроведува во девет општини: Карпош, Шуто Оризари, Крива Паланка, Битола, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип, и тоа преку реализација на кампања за поттикнување на граѓанско учество на локално ниво за хуманизација и урбанизација на населби во кои живеат Роми. Акцијата за застапување ќе вклучува барање од граѓани за промена на јавни политики за адекватно домување и урбанизација.

Документарниот филм „Домувањето е повеќе од четири ѕида и кров“ ќе биде прикажан низ девет ромски населби во Македонија, како дел од патувачки караван чија цел е унапредување на правото на адекватно домување на Ромите – преку влијание на политиките на локално и национално ниво. Со спроведување на кампањата за урбанизација и акцијата за застапување за правилни и законити решенија, во постапките за легализација ќе се направат повидливи специфични прашања кои го засегаат домувањето и ќе се зголеми свесноста на граѓаните за нивното учество во процесот на донесување на одлуки.

Национален ромски центар

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари