Денеска во официјална посета на Општина Кочани беше заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов.

На средбата со градоначалникот Ратко Димитровски разговараа за односите помеѓу единиците на локална самоуправа и  ресорното Министерство.

Посебен акцент беше ставен на проектите коишто Општина Кочани ги аплицираше до Бирото за рамномерен регионален развој од Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Градоначалникот побара поддршка од Министерство за локална самоуправа за прифаќање и реализација на осумте проекти што ги подготвува Општина Кочани.

Кабинет на Градоначалникот

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари