И официјално Александар Андов тренер на голманите на ЖФК „Кочани“ стана носител на „Б“ фудбалската лиценца. Како што бевме информирани Андов го положил писмениот и практичниот дел и бил информиран дека во рок од три седмици ќе му биде врачена лиценцата.

Со ова бројот на фудбалски тренери од Кочани кои поседуваат „Б“ лиценца се искачи на пет.

Пред Андов ова тренерско признание го добија Крсте Крстев (сега поседува и „А“ лиценца), Оливер Јовановски Тоде Митев и Стефанчо Цветанов.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари