Во вторникот во раните утрински часови се случила сообраќајна незгода која за среќа поминала со телесни повреди кај возачот. Имено Патничко моторно возило марка „БМВ“ со штипски регистарски таблички, управувано од лицето Т.В. (27) од Кочани, движејќи се по улицата „Димитар Влахов“ кон градот, на крстосницата кај „Пераклија“ наместо да продолжи по улицата „Глигор Апостолов – Гочо“ возачот ја загубил контролата над возилото, го преполовил багремот и преку оградата успеал да влета и да се паркира во дворот на куќата од левата страна на коловозот.

Лицето се здобило со телесни повреди а по укажаната лекарска помош задржано е на понатамошно лекување во „Медицински центар“ во Кочани.

С. Ивановски

P3880710

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари