Стеван Богданов ученик од 9-то одделение при ОУ „Никола Карев“ од Кочани е годинешниот победник на Општинското натпреварување „Млади библиотекари 2015“ кое денес се одржа во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани. Со освоени 97 од можни 100 поени тој зад себе ги остави второпласираниот Дарио Иванов од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ 9-то одделение и третопласираната Милена Глигорова ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од 8-мо одделение.

Инаку на годинешниот натпревар се пријавија вкупно 12 ученика од основните училишта во Кочани. Одговараа на 20 прашања извадени од Прирачниот кој им беше доделен за ова натпреварување.

Организаторот на натпреварувањето ЈОУ Библиотека „Искра“, на тројцата првопласирани натпреварувачи им врачи Благодарници и комплет книги а на останатите Благодарница и книга. Освен учениците учесници, Благодарници добија и менторите од училиштата.

Инаку годинава Комисијата која ги прегледа тестовите работеше во состав: Мара Анастасова – Претседател и членовите Илија Захариев и Кристина Ѓорѓиевска.

Со освоеното прво место Стеван Богданов ќе ја преставува Општина Кочани на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2015“ кој на 30.Октомври ќе се одржи во Кочани.

С. Ивановски

P3880788

P3880787

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари