Поради одржувањето на традиционалниот Кочански панаѓур, од 21 до 25 Октомври Полициската станица – Кочани воведе времена измена на режимот и на условите на сообраќајот на улиците „Скопска“ и „4-та Македонска бригада“.

Улицата „4-та Македонска бригада“ и  крстосницата на улицата „Скопска“ со улицата „4-та Македонска бригада“ ќе бидат исклучиво за движење на пешаци, а сообраќајот за сите возила  ќе биде пренасочен по околните улици.

Заради безбедно одвивање на сообраќајот, изменет режим ќе има и на улицата „Охридска“, на која сообраќајот ќе се одвива во еден правец и тоа север-југ.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари