Борачот на БК „Спартак“ од Кочани, Столе Ефтимов како член на Репрезентацијата на Македонија замина за Бурса (Турција) каде ќе учествува на возобновеното „Балканско првенство“ за кадети кое ќе трае од 21-25 Октомври.

Инаку ова е прв поголем предизвик на Ефтимов кој ќе настапи во категоријата 63 килограми плус толеранција две.

Столе Ефтимов е од помладата генерација борачи на кочанскиот клуб, а според досегашните негови резултати се работи за борач пред кого стои богата боречка кариера.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари