Ноќта меѓу Сабота и Недела започнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

Тоа значи дека во 03:00 часот ноќта, стрелките на часовникот треба да се поместат на 02:00 часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во Октомври и трае до последниот викенд на месец Март.

Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари