Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ гостуваше во Струмица кај екипата на „Академија Пандев“ од каде се врати со празни раце.

И во ова коло победи забележаа екипите од врвот што покажува дека до последното коло нема да се знае кој ќе презими на челната позиција.

Комплетни резултати од 9-тото коло:

„Академија Пандев“ – „Осогово“  3:0

„Беласица“ – „Слога 1934“  6:0

„Баби“ – „Брегалница Голак“  0:1

„Каменица Саса“ – „Плачковица“  0:4

„Напредок Здравје“ – „Карбинци“  9:0

„Работник“ – „Овче Поле“  0:1

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари