Реновиран  и модернизиран системот за улично осветлување во Кочани

Во периодот од 4 август до 19 октомври 2015 година Општина Кочани спроведе еден од поважните проекти: Реновирање и модернизација на системот за улично осветлување. Со него 2608 главно живини светилки во градот и делумно во селата се заменети со моментно најдобрата достапна технологија за осветлување во светот.

Живините светилки од 125 W се заменети со ЛЕД светилки со моќност од 41W, а оние од 250 W со 102 W со што просечната осветленост е зголемена за над 50%, а намалувањето на потрошената електрична енергија за 2,5 пати.

На околу 90 столбови во центарот на градот,  во Трговскиот центар и на важните сообраќајници се додадени дополнителни светилки за поголема осветленост на тие места. Поставени се 150 нови ЛЕД светилки на места каде досега немаше никакво осветлување.

Животниот век на ЛЕД светилките е за повеќе пати подолг од живините, така  што ако живините ги менувавме еднаш годишно, новите ЛЕД светилки имаат гаранција за 10 години. Со тоа ќе го намалиме трошокот на годишното одржување на осветлувањето за повеќе од 7 пати.

Најголемиот дел од светилките се димирани што значи дека 7 часа по вклучувањето (ноќе после 24 часот) се намалува осветленоста на 50%, со што се остварува дополнителна заштеда.

Со гордост можам да објавам дека во моментот на сите улици и патишта, јавни места и површини во Кочани осветленоста е подобра во просек за 50% и притоа потрошувачката за електрична енергија е намалена за повеќе од 60%.

Некои општини се одлучија модернизацијата на нивните системи за улично осветлување да ги извршат со моделот на јавно-приватно партнерство, што всушност е еден вид концесија за период од 12 до 15 години. Општина Кочани се одлучи со сопствени средства да изврши модернизација на системот за улично осветлување со одложено плаќање кон изведувачите на 36 месеци, без камата. При тоа целата опрема е во сопственост на Општината и таа во целост управува со системот за улично осветлување. Заштедата во електрична енергија и собраната комунална такса за улично осветлување во целост ја покриваат оваа инвестиција и веќе во 2019 година целата заштеда ќе остане на сметката на Општина Кочани и со тие средства може

дополнително да го унапредува системот за улично осветлување со опфат на

останатите населени места во општината, со проширување, воведување на телеменаџмент,  „смарт сити“ („паметен град“) и др.

Овие светилки треба да ја осветлуваат нашата општина најмалку 10 години. Ги замолувам сите граѓани на општина Кочани да се однесуваат со новиот, реновиран, модернизиран систем за улично осветлување како кон сопствен имот, да спречат, да пријават вандализам и да пријават кражба на електрична енергија, доколку се појави.

Кочани, 26.10.2015 година

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари