Во организација на БК „Спартак“ и семејствата Андонови и Колеви за во Сабота со почеток во 10:00 часот закажан е 19-тиот Меморијален турнир во борење „Андонов-Колев“.

На турнирот годинава ќе земат учество пет боречки клуба со вкупно 25-30 борачи, кои ќе се натпреваруваат во категориите „пионери“ и „кадети“.

Турнирот ќе се одржи во „Спортската сала“ кај Гимназијата „Љупчо Сантов“ во Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари