Наместо со бела боја како што досега се одбележуваа пешачките премини, во Кочани почна обележување со бели бехатон плочки.

Моментно таково одбележување со бели бехатон плочки се поставува на преминот на улицата „Глигор Апостолов – Гочо“ во непосредна близина на влезот во дворот од СОУ „Љупчо Сантов“.

Дознаваме дека етапно така ќе се обележуваат пешачките премини на улиците најпрвин во централното градско подрачје а потоа и по периферните.

Ова е добар потег бидејќи досегашното обележување со бела боја не се покажа како практично, бидејќи дали до бојата е или до асфалтот, едноставно бојата не можеше да се задржи подолг период.

С. Ивановски

P3890225

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари