Петок и Сабота се термини во кои менаџерскиот тим на Клуб „Аква“ закажа две исклучителни музички настапи.

Најпрвин во Петок со почеток во 23:00 часот гостите ќе ги забавува Кочанската музичка група „ACUSTIC  MADNESS“ во која настапуваат: Славица Стојанова (вокал), Борислав Веселинов (саксофон), Зоран Павлов (гитара), Дејан Алексовски (гитара и вокал), Павле Зашев (бас гитара и вокал) и Драган Тодосиев (тапани и вокал).

Во Сабота во 22:00 часот свој концерт ќе одржи Боби Мојсовски, момчето кое со својот фантастичен глас го привлече вниманието на музичките критичари на најпознатото музичко шоу на Балканот „Х фактор Адриа“. Мојсовски ќе го придружува позната македонска музичка група.

Резервации на телефонските броеви: 077/888-852,  077/872-014

11260521_1511427565817316_7366080554876232387_n  

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари