Рекорден број од 23 плаца за изградба на викенд куќи на „Пониква“ понуди Локалната Самоуправа на објавениот оглас.

Половината од понудените плацови се со површина од околу 650 м², додека останатите се двојно а некои и тројно поголеми, но сепак се чини дека вниманието го свртува продажбата на плац со вкупна површина од 3.600 м².

Освен плацови за викенд куќи се нуди и една локација со површина од 6.000 м² наменета за изградба хотел.

Единствената непознаница е зошто токму кон крајот на годината се нудат толку многу плацови. Од локалната се правдаат дека интересот е голем а додека други сметаат дека целта е со продажбата да се зголеми приходите во општинскиот буџет.

Пријавувањето за учество на лицитацијата трае до 24 Ноември, а наддавање ќе започне на 30 Ноември и ќе трае до 09 декември.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари