Денес околу 14:00 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица се потешко повредени.

Според наши извори сообраќајката се случила на локалниот пат Кочани-Грдовци на излезот од градот, кога мотор удрил во трактор по што возачот на моторот и неговата сопатничка се потешко повредени.

И двајцата со возило на „Итна помош“ околу 14:30 часот се донесени во „Медицински Центар“ во Кочани каде на возачот на моторот му се констатирани отворени повреди и фрактури на екстремитетите и на кичмениот столб а на неговата сопатничка повреди на главата. Поради сериозноста на повредите и двајцата веднаш се испратени во „Клинички центар“ Скопје, едниот на неврохирургија а другиот на трауматологија.

На местото на несреќата излезени се полициски екипи и Јавен Обвинител за да извршат увид. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

С.Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари