Благодарение на сончевото време продолжува асфалтирањето на улиците со заемот од Светска банка.

„Денеска се асфалтира улицата „Февруарски поход“ во населбата Бејрут, чија должина е 460 м, а широчина 6 м. Доколку дозволат временските услови и ако се продолжи со овој интензитет, очекуваме изведувачот „Еуроинг“ да ги заврши оперативните работи на сите улици до крајот на март идната година“ соопшти  градоначалникот Ратко Димитровски.

Градоначалникот нагласи дека се асфалтираат нови улици каде претходно се поставуваат атмосферски и фекални одводи и се градат потпорни ѕидови.

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари