Богат спортски викенд за љубителите на спортот во Кочани. преовладува фудбалот, а ќе се одиграат и натпревари во пинг-понг, кошарка а на програмата е и традиционалниот Меморијален турнир во борење „Андонов-Колев“.

Во Сабота, со почеток во 10:00 часот стартува 19-тиот Меморијален турнир во борење „Андонов- Колев“. Веќе во 12:00 часот на програмата е натпреварот од 6-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени „Кочани“ – „Тиверија“ кој ќе се одигра на теренот во Оризари. Во ова коло вториот претставник на Кочани „Младост Иднина С“ гостува во Струга каде домаќин ќе и биде екипата на „Ас Јунајтед“.

Во Недела со почеток во 10:30 часот на теренот во Чешиново во рамките на 10-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток се игра натпреварот „Осогово“ – „Напредок Здравје“. Во 11:00 часот во „Спортската сала“ на програмата е натпреварот од М-18 кошаркарската лига  „Баскет Дини“ – „Лирија“ како и Пинг-понг натпреварот „Кочани“ – „Пошта2“ кој се игра во салата на ООУ „Малина Попиванова“ , возбудувањата завршуваат во 13:00 часот кога е закажан фудбалскиот натпревар од Првата Фудбалска Лига „Брегалница“ – „Шкендија“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари