Денес Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ во соорганизација на Библиотекарското здружение на Република Македонија беа домаќини на најдобрите млади библиотекари на Македонија, кои учествуваа на годинешниот 16-ти Републички натпревар „Млади библиотекари 2015“.

На натпреварот учествуваа 23 млади библиотекари од повеќе општини во државата. Комисијата во состав Блага Спиридонова – претседател, Мара Анастасова и Гордана Пешевска  членови, истакнаа дека сите учесници покажале одлично познавање од библиотекарството и точно одговориле на околу 80% од прашањата.

Сепак во сите добри имаше и најдобри. Стефан Митиќ ученик во ООУ „Димо Хаџи Димов“ од Скопје и Игор Стојков ученик во ООУ „Тодор Јанев“ Чашка-Велес натпреварот го завршија со најмногу поени 108, па во додатните прашања победата сепак ја однесе ученикот Стефан Митиќ. Третото место на овој натпревар и припадна на Јована Божиновска ученичка во ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово која освои 105 поени.

Признанијата на учесниците и на нивните ментори им ги врачи Благоја Николов Претседател на Библиотекарското здружение на Република Македонија.

С. Ивановски

P3890408

P3890419

P3890295

P3890307

P3890390

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари