Пингпонгарите на „Кочани“ ја извојуваа и втората победа во годинешното првенство на Првата Пингпонгарска Лига. Кочанчани како домаќини ја совладаа екипата на „Пошта 2“ со 5:2 и со 4 бода во исто толку натпревари останаа осамени на 4 место на моменталната табела.

Резултати на другите натпревари:

„Дебар Маало“ – „Младост ’96“  1:5

„Куманово“ – „Студент“  5:4

„Ѓорче Петров“ – „Мултитекс“  5:0

На табелата во водство е „Ѓорче Петров“ со 8 освоени бода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари