Играчите на „Осогово“ после второто коло, конечно успеаја да победат во натпревар што не се играше на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Поради зафатеност на теренот „жетварите“ натпреварот од 10-тото коло против екипата на „Напредок Здравје“ го одиграа во Чешиново и со голот на Паунов во 42’ сосема заслужено славеа со 1:0 (1:0).

Кога се ќе се собере резултатот е реален според сето она што се случуваше на теренот. Кочанчани и во двете полувремиња ја имаа иницијативата, додека мошне добрата екипа на „Напредок Здравје“ својата шанса ја бараше во контра нападите.

„Осогово“ и пред а и по постигнатиот гол имаше неколку шанси но Натков, Паунов и Аксентиев не беа сконцентрирани во завршницата па шансите отидоа во неповрат.

Гостите единствената шанса ја имаа во последната минута од натпреварот но домашниот голман Андонов со сигурна интервенција ја отстрани опасноста.

Судиската тројка на чело со Дарко Стојанов коректно го отсуди натпреварот, покажа четири жолти, а поради меѓусебна пресметка и два црвени (Аксентиев и Ковачев) картони  на што никој нема право да му забележи.

Останати резултати од 10-тото коло:

„Слога 1934“ – „Академија Пандев“  0:7

„Плачковица“ – „Беласица“  2:1

„Баби“ – „Каменица Саса“  2:1

„Брегалница Голак“ – „Овче Поле“  1:1

„Карбинци“ – „Работник“  1:5 

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари