Во саботата и неделата Битола беше домаќин на Завршните Државни натпревари во А и Б лигата.

На завршницата КГС „Кочани“ учествуваше со 25 натпреварувачи во двете конкуренции и освоија вкупно 5 први места во поединечна конкуренција и едно во екипна, две втори и три трети места во поединечна конкуренција и едно четврто во екипна конкуренција.

Во „А“ лигата Државни прваци станаа: Антонио Јаношевиќ (помлади пионери), Ристе Симеонов (млади јуниори), Петар Каров (јуниори) и Јана Николова (постари пионерки). Стојан Анастасов го освои третото место во истата лига.

Во „Б“ лигата Државен првак стана Емилија Стојановска (сениори), Второто место го освоија Александра Карова (сениорки) и Филип Ангелов (помлади пионери), а третопласирани се Мартин Стојанов (помлади пионери) и Мила Јовановска (постари пионерки)

Во екипна конкуренција во Б лигата помладите пионери го освоија Првото место, а додека помладите пионерки се пласираа на четвртото место во истата лига.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари