И годинава историјата се повтори кога е во прашање организацијата на Меморијалниот турнир во борење „Андонов-Колев“. Благодарение на Претседателот на БК „Спартак“ од Кочани, Јордан Димитров, тренерот на БК „Спартак“ Александар Павлев и семејствата на двајцата некогашни борачи, турнирот се организира во период како и години нанзад.

Посебен белег на годинешниот 19-ти турнир му дадоа со своето присуство некогашните олимпијци: Шабан Трстена, Могамед Ибрагимов и Влатко Соколов, како и Претседателот на ФБСМ Ванчо Чифлиганец.

Иако организаторите се потрудија се да помине во најдобар ред, сепак ние не би биле она што сме доколку не ги вмешаме прстите и не ја расипеме организацијата.

Организаторот преку ФБСМ набави медали за кои и доби фактура, но наместо медали со жиг од борење за првопласираните тројца борачи се доделуваа медали со жиг од џудо. Би било повеќе тажно отколку  смешно.

Уште пред да започне турнирот организаторот одреди кој во кои категории и на најуспешниот борач и техничар ќе им ги предава медалите, односно пехарите. Но и годинава за да не биде се онака како што беше испланирано се погрижија парадерите, односно луѓето кои додека трае организацијата се кријат во некои ќошиња, ама за сликање се во првите „борбени“ редови.

Без разлика на се турнирот се организираше онака како што донекаде беа замислиле организаторите. Да се организира турнир по 19-ти пат значи зачувување на една традиција, традиција во чест на двајца прекрасни луѓе, двајца борачи и двајца големи спортски работници, впрочем Ангел Андонов и Димитар Колев заслужуваат вакво нешто.

С. Ивановски

P3890643

P3890760

12170245_1052331491452856_1204343636_n

P3900026

P3900021

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари