Со цел да му помогнеме на и онака руинираниот македонски фудбал, пред извесен период правејќи анализа за тоа какви се судии се делегираат во Третата Фудбалска Лига – Исток напишавме текст кој во зависност од тоа кој од која страна се наоѓа, така и беше коментиран. Незадоволни од судењето на последниот натпревар „Баби“ – „Каменица Саса“ одигран во Штип со реакција од Македонска Каменица. Денес добивме Соопштение од ФК „Каменица Саса“ кое Ви го пренесуваме во целост.

СООПШТЕНИЕ  ЗА  ЈАВНОСТА

Се трудиме преку целото првенство да заборавиме на низата судиски неправди што беа нанесени кон нашиот клуб, се со цел виновникот да не излезе дека го бараме секаде а не во своите редови. Но во неделата она што ни го приреди судијата Сашко Ристов и неговите помошници и да сакаме не можеме да го премолчиме. Ристов и неговите помошници не уништија на натпреварот против „Баби“ во Штип, судеа се само домаќините да победат што предизвикуваше и смеа кај гледачите.

Конкретно, Ристов не ни даде да играме фудбал.

Ако некој наш играч беше фаулиран а ние веќе бевме во класичен контра напад Ристов ја прекинуваше играта и судеше фаул во наша корист при тоа не опоменувајќи ги домашните играчи. Неколкупати кога бевме во контра еден на еден со своите помошници измислуваа некакви офсајди на што се смее сите. При секој мал контакт домаќините глумеа лежејќи на земја за што нашите играчи од Ристов  добиваа картони.

Кулминацијата на изживувањето со нашиот клуб беше вториот гол што го постигнаа домаќините во финишот од натпреварот. На една нафрлена топка нашиот голман на 7-8 метри од голот беше нокаутиран и домаќините постигнаа гол. Свесни и самите дека тоа беше груб фаул над голманот домашните играчи не се ниту радуваа, но Ристов покажа на центарот што предизвика смеа кај гледачите.

По завршување на натпреварот Ристов продолжи со арогантното однесување. Кога му реагиравме за неговото судење и му предочивме дека јавноста ќе ја известиме тој ни упати закани дека и следното коло ќе го делегираат и тоа во Македонска Каменица и дека тогаш ќе видиме со кого си имаме работа.

После сето ова ја прашуваме т.н. Комисија за делегирање на судии во Третата фудбалска лига исток, како со вакви судии да ги стимулираме играчите да доваѓаат да тренираат и да играат натпревари. Како по ваквите судиски неправди да бараме средства од спонзорите.

Затоа апелираме до одговорните во Третата фудбалска лига исток, секој сериозно да си ја сфати работата за која е поставен во лигата, во спротивно ќе бараме заедно со другите оштетени екипи во лигата да го напуштиме првенството, па тогаш нека си најдат други заморчиња со кои ќе се изживуваат.

 

ФК „Каменица Саса“

Македонска Каменица 02.11.2015

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари