Во Недела со почеток во 13:00 часот на програмата се натпреварите од 11-тото, последно есенско коло во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Кочанчани гостуваат во Џумајлија а во Струмица се игра натпреварот помеѓу двете првопласирани екипи во лигата, по кој натпревар ќе се знае и есенскиот шампион.

Во предност е екипата на „Плачковица“ со два бода пред „Академија Пандев“, но доколку се одбие жалбата на радовишани за загубениот натпревар со службен резултат тогаш изгледот на табелата би бил поинаков.

Двојки за 11-тото коло:

„Работник“ – „Осогово“

„Напредок Здравје“ – „Слога 1934“

„Каменица Саса“ – Брегалница Голак“

„Академија Пандев“ – „Плачковица“

„Беласица“ – „Баби“

„Овче Поле“ – „Карбинци.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари