Во Сабота и Недела на програмата се натпреварите од 7-то коло во Првата Женска Фудбалска Лига, кое ќе биде обележано со дерби натпреварот на единствените две екипи кои конкурираат за шампион во оваа натпреварувачка сезона.

Сепак овој натпревар е доведен во прашање бидејќи како што дознаваме од Кочанскиот прволигаш кочанчани барале да се почитува договореното, односно натпреварот да го судат судии вон Скопје. Но како не е испочитувано договореното (главниот судија и неговиот втор помошник сепак се од Скопје) за вечерва закажано е итен состанок по кој ќе одлучат одговорните во клубот дали да се патува во Скопје или не.

Љубителите на фудбалот во Кочани за време на овој викенд ќе можат да го проследат натпреварот „Младост Иднина С“ – „Борец“ кој е закажан за Сабота со почеток во 12:00 часот.

На другите натпревари во ова коло се среќаваат:

„Тиверија“ – „Ас Јунајтед“

“СЦ Истатов“ – „Топ Гол“

„Конзули“ – „Речица“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари