Пред малку заврши состанокот на челните луѓе на ЖФК „Кочани“ на кој се разговараше по единствената точка од дневниот ред а тоа е дали утре (Сабота) да се патува или не во Скопје на дерби натпреварот против „Драгон 2014“.

Иако мислењата беа поделени и по цена клубот да добие поголеми санкции сепак преовлада разумот. „Во интерес на фудбалската игра сепак решивме да патуваме за Скопје. Иако мислењата беа поделени сепак не дозволивме некои одлуки на луѓето задолжени за делегирање на судиите да не тргнат од колосекот. Одиме да играме фудбал“ беше изјавата на еден од членовите на клубот кој сепак инсистираше на анонимност бидејќи било договорено да не се даваат никакви изјави.

Да потсетиме ЖФК „Кочани“ бараше овој дерби натпревар да не го судат судии од Скопје. Минатата година кочанчани го прифатија барањето на „Драгон 2014“ и натпреварот во пролетниот дел од првенството кој одлучуваше за првото место го судеше судијата Мантев без ниту една грешка. Кочанчани натпреварот го загубија но немаа ниту една сериозна замерка за делењето на фудбалската правда. Сега тие очекуваа дека нивното барање ќе биде усвоено, но за жал главниот судија и вториот помошник се од Скопје.

Со ова се е кажано.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари