Почитувани,

Денес со задоволство можам да ви соопштам дека на вчерашната 71-ва пленарна седница во Собранието на РМ како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го изгласавме и донесовме Законот со кој се предвидува започнување на проектот за изградба на новотрасиран експресен пат Кочани – Штип. Неговата изградба ќе биде со напредни и современи технички елементи кои целосно ќе ги задоволуваат сообраќајните и безбедносните стандарди.

Со изградбата на новата делница всушност ќе значи дека Кочани и Штип меѓусебно ќе се поврзат со пат со ширина од над 11 м. Овој експресен пат ќе овозможи зголемен проток на возила како и зголемување на сегашната брзина на движење и до 120 км/ч.

Исто така важно е да се напомене и дека со изградбата на овој експресен пат Кочани ќе се поврзе со автопатот Штип-Скопје, што уште повеќе ја зголемува неговата важност и дополнително го потенцира значењето за граѓаните на Општина Кочани и кочанско.

Со изградбата на оваа делница сигурен сум дека ќе се исполнат условите за засилување на економијата, како и за поефикасен транспорт на луѓе и на добра. Изградбата на овој пат директно ќе ја зајакне интеграцијата на земјата во регионот и во ЕУ и ќе допринесе

кон намалување на трошоците за логистика и подобрување на мобилноста на населението, но и ќе го олесни пристапот до нови пазари. На овој начин, досега создававме и ќе продолжиме да создаваме поволни услови за нови инвестирања и од домашни и од странски инвеститори кои имаат огромно значење како за Република

Македонија, така и за граѓаните на  нашата дражава.

Јас како пратеник и претставник на Кочани во Собранието на Република Македонија би сакал да истакнам дека овој проект претставува еден од најважните и најголемите проекти за Кочани, бидејќи со него нашата општина ќе добие едно модерно и квалитетно

инфраструктурно решение кој што сите ние го чекавме со години. Оттука, јас би сакал да изразам големо задоволство и слободно можам да кажам дека реализацијата на овој проект претставува реализација на уште едно ветување кое го дадовме на кочанчани. Докажуваме дека тоа што ќе го ветиме, тоа и го исполнуваме.

Развојот на економската инфраструктура и понатаму останува најважниот начин за подобрување и унапредување на животниот стандард на нашите граѓани и од тие причини пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе поддржува и силно ќе стои зад вакви и слични проекти.

А јас, како пратеник кој доаѓа од Општина Кочани, како и досега така и отсега, секогаш ќе ја давам својата безрезервна поддршка за проекти како овој или пак слични на овој бидејќи за таа цел и сум избран да бидам претставник на кочанчани во Собранието на Република Македонија и да ги бранам и застапувам нивните интреси.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари