И ЖФК „Кочани“ и ЖФК „Младост Иднина С“ ќе го паметат 7-то коло во Првата Женска Фудбалска Лига како коло во кое останаа без ниту еден освоен бод.

„Кочани“ на гости го загуби големото дерби од „Драгон 2014“. Иако кочанчанки по првото полувреме водеа со 1:0, во вториот дел примија три погодока со што останаа втори на табелата со три бода заостанување зад минатогодишниот шампион. Од кочанскиот прволигаш вината ја бараат во делителите на фудбалската игра но треба и да се запрашаат како сите три последни дуели со „Драгон 2014“ ги загубија, два во минатото првенство и еден сега. Нешто има во сето ова, но што? Набргу ќе го побараме одговорот.

Малку неочекуван е поразот и за вториот претставник од општината. Имено „Младост Иднина С“ иако со играч повеќе дозволи гостите од Велес да ги совладаат на теренот покрај „Масалница“ и со три освоени бода да си заминат дома.

Комплетни резултати од 7-то коло:

„Драгон 2014“ – „Кочани“  3:1

„Младост Иднина С“ – „Борец“  0:1

„Тиверија“ – „Ас Јунајтед“  2:0

„СЦ Истатов“ – „Топ Гол“  1:4

„Конзули“ – „Речица“  8:1

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари