Со одигрувањето на натпреварите од 11-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, се спушти завесата на есенскиот дел од првенството.

За жал на љубителите на фудбалот во Кочани а посебно на оние кои со години „Осогово“ го носат во срцето и во ова коло кочанските „големи играчишта“ им приредија разочарување. „Жетварите“ доживеаја пораз во Џумајлија од домаќинот „Работник“ со 0:3. Резултатот не е толку разочарувачки како алиби играта на некои поединци кои мислат дека името го игра фудбалот. „Осогово“ го заврши есенскиот дел на првенството со 3 победи, двојно повеќе порази и два нерешени натпревари, со негативна гол разлика од -4, срамота.

Сепак и во оваа лига има екипи кои знаат да играат фудбал и затоа нивните натпревари ги следат неколку илјади гледачи. Од таков карактер беше дерби натпреварот што се одигра во Струмица каде „Академија Пандев“ и „Плачковица“ ги поделија бодовите.

На другите натпревари фаворитите ја покажаа својата големина кон своите противници и стигнаа до три бода.

Резултати од 11-тото коло:

„Работник“ – „Осогово“  3:0

„Напредок Здравје“ – „Слога 1934“  5:1

„Каменица Саса“ – „Брегалница Голак“  0:1

„Беласица“ – „Баби“  5:0

„Академија Пандев“ – „Плачковица“  2:2

„Овче Поле“ – „Карбинци“  5:2

Есенски шампион е „Плачковица“ со 31 бод, пред „Академија Пандев“ 29, „Беласица“ и „Овче Поле“ 23, „Брегалница Голак“ 18, „Работник“ 16, „Напредок Здравје“ 14, „Осогово“ 11, „Баби“ 10, „Слога 1934“ 6, „Каменица Саса“ и „Карбинци“ по 3 бода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари