Иако грејната сезона не е во полн ек,  предизвикувањето пожар во контејнерите за смет станува сè почеста појава.

„Минатиот месец Територијалната противпоажана единица интервенираше четири пати на пожар во контејнери“ соопшти командирот Дејанчо Арсов. „Од тие причини, порачуваме граѓаните да бидат претпазливи при исфрлањето на видот на сметот во контејнерите. Пожар од навидум незначителни размери, може да предизвика големи последици“ додаде Арсов.

Раководителката на Одделението за комунални работи во Општина Кочани, Дивна Цековска ја потсети јавноста дека е забрането исфрлањето на пепел, жар и други запаливи материи во садовите за собирање на смет, поставени на јавните прометни површини.

„Палењето и уништувањето на контејнерите е казниво според  членот 14-а од Законот за јавна чистота. Затоа ги повикуваме граѓаните да се однесуваат совесно кон јавната опрема и да не ја загрозуваат околината“ рече Цековска.

Според Законот, глобата за предизвикување оган во контејнер е во денарска противвредност од 200 евра.

2

P2200086

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари