Последните резултати од мерните станици покажуваат дека во неколку градови во Македонија има зголемување на ПМ10 честичките кои се движат од 120 до 230 микрограми на метар кубен.

Во претпладневните часови во Кочани се измерени 120 микрограми на метар кубен, додека во попладневните часови загадувањето е зголемено и тоа изнесува 144 микрограми на метар кубен.

За да не се зголемува загадувањето надлежните препорачуваат да нема затоплување на простории со прегорено отпадно масло, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, како и правилно користење на печките за греење.

И од Министерството за здравство на Република Македонија и „Институтот за јавно здравје“ апелираат дека во општините каде има покачување на загаденоста на воздухот да биде ограничено движењето на отворен простор на децата, старите лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот систем, како и лицата кои имаат астма.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари