Денешната крводарителска акција на вработените во Полициска Станица – Кочани може да се оцени како мошне успешна.

Од вкупно пријавените 30 полицајци и вработени во Полициската станица – Кочани, 20 ја даруваа најскапоцената течност, во третата, воедно и последна за оваа година крводарителска акција што денес беше реализирана во просториите на Полициската Станица во Кочани.

Ова е веќе традиционална крводарителска акција која во последните неколку години ја организира „Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“ во соработка со „Институтот за трансфузиона медицина“ и „Црвен крст на Македонија“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари